| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се отвори сувенирница на Табановце

Ќе се отвори сувенирница на граничен премин Табановце во која ќе се продаваат сувенири со македонски мотиви.

-Тие сувенирници се монтирани, се снабдуваат со сувенири и наскоро треба да се отворат. Ќе понудат ексклузивни домашни производи за странци. Со сувенирницата ќе стопанисува Музеј Куманово“ – велат од Музеј на Македонија.

Од таму објаснуваат дека вакви сувенирници има на граничен премин Богородица, во Скопје, Крушево, Берово, Битола, Дојран, Ресен и други градови во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top