Хрватската полиција потврди дека ја уапсила личноста која на видеото поставено на Јутуб ја презеде одговорноста за бомбашките напади во Загреб.
Полицијата со помош на видеото го идентификувала 42 годишниот Командант Шамил, но сеуште не го соопштува неговиот идентитет. Шамил е уапсен од сплитската полиција, која само кажа дека тој е од Трогир.
Шамил во видеото наречено „комунистите во Хрватска ги признаа терористичките напади во Загреб“ повикува на нови напади врз владини институции, војска, полиција како и врз институции на Европската унија во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


