
Премиерот Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ги посетија децата од семејствата од социјален ризик, приматели на парична помош, на посебен додаток, како и децата без родители и родителска грижа кои ова лето се на одмор во Струга во Рекреативниот центар за деца и младинци „Мајски цвет“.
– Овој проект што го реализираме за бесплатен летен и зимски одмор го почнавме во 2012 година. Досега над 7.850 деца ја искористиле оваа бесплатна услуга и исто толку семејства имале на некој начин полза од овој проект наменет, пред се, за дечињата од семејствата со социјален ризик, како и децата без родители и родителска грижа. Денеска ја испраќаме претпоследната група од околу 200 дечиња и доаѓа последната група со околу 100 дечиња, изјави министерот Спасов.
Овој проект, како што посочи тој, и понатаму ќе продолжи да го реализира Министерството во зимскиот период и на лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Во Струга почнува неделата посветена на јубилејот „90 години музеј Д-Р Никола Незлобински“
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница









