Владимир Жириновски предложи во Русија да бидат забранети сите партии и земјата да премине кон „изборна монархија”, пишува ИТАР-ТАСС.
-Демократијата ќе не уништи. Додека кај нас има демократија, ние ќе бидеме слаби. Затоа треба да се откажеме од демократијата и да преминеме на империјална форма на управување на земјата , рече националистот на младинскиот форум „Селигер “.
Демократијата и многопартијноста се за слабите држави.Сите партии треба да се забранат! Нека биде монархија, но изборна – да се соберат 5-6 илјади од најдобрите луѓе и тие да го избираат царот – заклучи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.