Туниските власти воведуваат нов данок кој ќе бидат принудени да го плаќаат странците пред да ја напуштат земјата, пишува ИТАР-ТАСС. Измените во дополнителниот закон за буџетот се усвоени од парламентот на 7 август. Износот на данокот „збогум” е 30 туниски динари ($ 17,65). Тој важи за сите претставници на странски земји и не се применува за граѓани на Тунис, кои постојано престојуваат во странство.
Иновативноста ќе влијае и врз туристите кои дошле на посета во Тунис, предупредуваат туроператорите. Според шефот на Дирекцијата за истражување на даночното законодавство кон Министерството за финансии на Тунис Хабиб Луати, властите можат да почнат да го прибират данокот веќе од 28 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
Коморите контра власта: Не е погоден момент за воведување прогресивно оданочување на личниот доход