| четврток, 6 декември 2018 |

Над 36 илјади бездомници по поплавите во Нигер

flood1-600x450Најмалку 12 луѓе загинаа, додека над 36.000 останаа без домови по поплавите што го зафатија Нигер.

Поплавите секоја година претставуваат проблем за таа западноафриканска држава, бидејќи во сезоната на обилни дождови надојдените потоци и реки ги носат куќите и ги уништуваат посевите.

– Обилните дождови во шест региони на Нигер предизвикаа поплави и голема штета. Службите за заштита на цивилното население се на терен и открија 12 жртви од поплавите, соопштија властите во Нигер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top