На 65. меѓународен филмски фестивал во Берлин, со доделување на Златната мечка за животно дело ќе му биде оддадена почит на легендарниот германски режисер Вим Вендерс.
Режисерот во чест на наградата на 12 февруари 2015, меѓу другото ќе го прикаже и неговото ремек-дело „Wings of desire“, пренесува „The Hollywood reporter“.
Со неговите лични дела Вим ги инспирира и другите режисери, и е еден од највлијателните, истакна Дитер Кослик, претседателот на фестивалот.
Меѓу неговите најпознати дела се и филмовите „Alice in the cities“ од 1973 година, со кој направи светска слава, и „Paris, Texas“ награден со Златна палма на Канскиот фестивал во 1994 година.
Освен снимањето на играни филмови, Вендерс има и документарни дела како филмот „Buena vista social club“ кој беше номиниран за Оскар и воедно е првиот целосно дигитален документарен проект, па проектот „Pina“, кој исто така беше номиниран за Оскар. Неговиот последен документарец „The salt of the Earth“ оваа година на Канскиот фестивал освои посебна награда.
Наредниот филм кој го работи е „Every thing will be fine“ 3Д драма со Рејчел Макадамс, Џејмс Франко и Шарлот Гаинсбург во главните улоги.
Меѓународниот филмски фестивал во Берлин започнува на 15 февруари 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините
-
Вучиќ во Берлин ќе се сретне со Меркел


