| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИЛ ја барал иконата на џихадот во замена за убиениот новинар

 сидики
Ослободувањето на Аафија Сидики, научничка која се школувала во САД и го добила прекарот Лејди Ал Каеда, поради соработката со највисоките врвови на светската терористичка мрежа, било на листата која злогласниот ИСИЛ ги поставила во замена за убиениот новинар Џејмс Фоли, пишува Њујорк тајмс. 

Сидики, мајка на три деца издржува 86 годишна затворска казна во Тексас. Осудена е откако е фатена со плановите за масовни терористички напади врз САД.

Администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама одбила воошто да ја разгледа можноста за нејзино ослободување, како и барањето да испратат 132 милиони долари, откупнина за Фоли.

Сидики(42) одела на два универзитета во Нова Англија, докторирала на Универзитетот Брендиз, а потоа се школувала во областа на неурологијата на Институтот за технологија во Масачусес, пишува Дејли мејл. После терористичките напади на 11 септември се нашла на листата на најбараните злосторници на ФБИ, затоа што ја споменал Калид Шеик Мохамед, за чиј роднина е мажена. Внукот на Мохамед, нејзиниот втор маж бил еден од мозоците на терористичкиот напад на Америка, а сега е во затвор во Гвантанама.

сидики 2

На 12. август родителите на Џејмс Фоли добиваат меил од ИСИС, во кој групата најавува дека тој ќе биде егзекутиран. Последен пат тие биле контактирани од ИСИС во ноември минатата година, кога за Фоли бил побаран откуп од 100 милиони евра. Глобал Пост го објавува целиот меил со дозвола од родителите, верувајќи дека  „тој дава увид во мотивацијата и тактиките на Исламската држава“.

Порака до американската влада и нејзините овци од граѓани:

Ве оставивме на мира по срамниот пораз во Ирак. Не се мешавме во вашата земја, ниту ги напаѓавме вашите граѓани додека тие беа безбедни во своите домови, и покрај нашиот капацитет да го направиме тоа.

Што се однесува до ѓубрето од вашето општество кој е наш затвореник, ТОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ДУВЛОТО НА ЛАВОТ И БЕШЕ ИЗЕДЕН!

Добивте многу шанси за ослободување на вашите луѓе преку откуп во готовина како што тоа го прифатија другите влади. Ви понудивме и размена на затвореници, за ослободување на муслимани кои моментално се во ваше заробеништво како нашата сестра др. Афиа Сидики, сепак вие брзо покажавте дека ова не е нешто за кое сте заинтересирани.

Вие немате мотивација да се справите со муслиманите на друг начин освен преку јазикот на насилството, јазик од кој добивте „арапски превод“ кога се обидовте да ја окупирате земјата ирачка.

Сега се враќате за пак да ги бомбардирате муслиманите во Ирак, овој пат користејќи воздушни напади и туѓи армии, додека кукавички избегнувате судир лице в лице.

Денес нашите сабји се извадени кон вас, И ВЛАДА И ГРАЃАНИ! И НЕМА ДА ПРЕСТАНЕМЕ СЕ ДОДЕКА НЕ ЈА ЗАСИТИМЕ НАШАТА ЖЕД ЗА ВАША КРВ.

Вие не ги поштедувате нашите изнемоштени, стари, жени и деца, па нема ниту ние да ги поштедиме вашите!

Вие и вашите граѓани ќе ја платите цената за вашето бомбардирање!

Првото нешто ќе биде крвта на американскиот граѓанин, Џејмс Фоли!

Тој ќе биде егзекутиран како ДИРЕКТЕН резултат на вачиот грев кон нас!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top