
– Силен потрес нè разбуди од сон. Креветот, буквално, удираше во ѕидот. Мислевме дека се смири, кога повторно нè стресе – вели еден македонски туристи, кој моментно со своето семејство е на одмор на Халкидики.
Според неговите зборови, од тресењето едвај ја погодиле вратата за да излезат надвор. По маркеетите сè било попаѓано на земја. Рафтовите биле испразнети, искршени шишиња, расфрлени производи.
Земјотресот што утрово околу 7 часот го погоди Халкидики не предизвика големи материјални штети, освен одрони на фасади на неколку куќи и згради, земјотресот во Грција ги исплаши туристите. Потресот интензитет од 5,1 степен по Рихтер го почувствувале жители и туристи на Полихроно, Певкохори, Калитеа и другите места на првиот крак на полуостровот. Тие излегувале од своите хотели или домови, уплашени од земјотресот.
Погледнете што остави зад себе земјотресот среде сезоната во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод


