| четврток, 6 декември 2018 |

Милош Земан не се потпишува со 40 илјади евра

milos-zemanИдниот чешки претседател Милош Земан одби претседателската заклетва да ја потпише со уникатно пенкало, кое чини 40.000 евра и препорача парите да се дадат во добротворни цели.

– Инаугурацијата нема да биде збогатена со посветено пенкало за еден милион круни, рече Земан додавајќи дека на компанијата и препорачал средствата да ги донира за училишен прибор на учениците од регионот каде им е седиштето.

kohinoor_reklamaСе уште актуелниот претседател Вацлав Клаус пред пет години заклетвата на функцијата ја потпиша со специјално пенкало изработено од злато и платина наменето исклучиво за претседатели. Уникатното пенкало го изработи фирмата „Кох-и-нор Хармут“ од Чешке Будејовице, која до национализацијата беше ексклузивен снабдувач на пенкала со мастило за чехословачките претседатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top