| четврток, 6 декември 2018 |

Сириската опозиција вели дека нема хрватско оружје

bliski istokСирискиот опозициски лидер Салам Идрис ги демантираше тврдењата на „Њујрок Тајмс“ дека бунтовниците во Сирија биле снабдувани со оружје од Хрватска.

– Не сме добивале оружје од Хрватска. Единственото оружје што го поседуваме е она што им го одземаме на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ел Асад, нагласи Идрис.

„Њујорк Тајмс“ објави дека Саудиска Арабија финансирала купување поголемо количество оружје од Хравтска, со кое потоа тајно биле снабдувани бунтовниците во Сирија. Хрватска, исто така остро ги демантираше ваквите обвинувања, а хрватскиот премиер Зоран Милановиќ дури најави повлекување на војниците од Мисијата на ОН на Голанската Висорамнина, бидејќи како што реше „тврдењата на „Њујорк Тајм“ ја загрозуваат нивната бебзедност“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top