
Иако конфликтот во Газа се смири, по него светот остана со студената реалност. Антисемитизмот е жив и постои, дури и во САД, каде неодамна, два неповрзани чинови на вандализам во јужна Флорида ја подигнаа загриженоста кај Лигата против клеветата (АДЛ).
Уште од почетокот на јули кога започнаа непријателствата, случувања поврзани со антисемитизмот се во пораст низ светот. Во Европа, посебно во Франција, Германија и во Обединетото Кралство, вести за вандализам и чинови на насилство против Евреите изгледа поинтензивно се објавуваат отколку кога било уште од времето на холокаустот.
Директорот на Центарот за есктремизам при АДЛ, Орен Сегал, го припишува побрзиот и поекстремниот одговор во светот од оваа рунда на војување помеѓу Палестинците и Израелците на социјалните медиуми, кои играат се поголема улога во глобалната политика и во социјалните бунтови, посебно по Арапската пролет во 2011 година.
-Мислам дека луѓето тргнуваат од тоа што го гледаат на мрежата, рече Сегал.
Свесноста за претпоставените реалности ден по ден од војувањето, денес е далеку поголема отколку било кога претходно. Со помош на социјалните медиуми, како што се Твитер и Фејсбук, индивидуи и во Израел и во Газа ја пласираат својата приказна. Но судот на јавното мислење е според својата природа неограничен. И недвојбено антисемитските тагови како #HitlerWasRight и #HitlerDidNothing-Wrong предизвикаа жестоки реакции.
Од Аргентина до Париз, па дури и во САД, се почестите антисемитски инциденти и прават проблем на Лигата против клеветата.
Сегал и неговите колеги се загрижени дека реториката која се разви не прави разлика помеѓу Палестинци и Израелци. Се прифаќаат протеси, без религиозни, расни или етнички мотивирани напади, вели Сегал, но во текот на минатиот месец, посебно во Европа, неговата организација ја следи трагата на антисемитизмот со голема загриженост, вклучувајќи и користењето на се повеќе аналоги поврзани со холокаустот и зборови кои се повеќе полни со омраза отколку со критика.
-Едно е да ја изразите вашата критика, вашиот гнев заради израелските воени операции или за политиката на Израел. Но при тој обид наизменично користите термини како Израелци или Евреи, па тоа станува сосема поинаква реторика, вели Сегал.
На почетокот на август, бруклинецот Рабин Џозеф Раксин беше убиен во Мајами, на Флорида, едно саботно утро на пат кон синагогата, наводно убиен од двајца мажи од кој едниот избегал на моторцикл а другиот пеш.
Овој инцидент се уште е под истрага.
Иако полицијата веднаш по инцидентот издаде соопштение во кое се наведува дека не постои основа да се верува оти овој напад бил злосторство од омраза, тензиите во јужна Флорида нараснаа.
По протестите во Европа, кои се претворија во насилни, во кои демонстрантите фрлаа молотови коктели, уништуваа приватна сипственост и напаѓаа Евреи, неодамнешното убиство на Раскин на јужна Флорида го запали алармот кај АДЛ, а полицијата од Мајами работи на контрола на стравот дека убиството било чин на антисемитизам.
-Досега немаме индикации дека ова е злосторство од омраза, рече Елена Хернандез, портпарол на полицијата во Мајами.
На ова се додава и изјавата на ќерката на рабинот дадена за една локана телевизија, дека таа верува дека убиството на нејзиниот татко е чин на антисемитизам.
Неколку недели претходно, два одделни настани на антисемитистички вандализам ја потресоа областа на Мајами.
Во првиот беше вандализирана ортодоксна синагога, а на ѕидовите беа исцртани кукасти крстови и зборот „Хамас“. Неколку дена подоцна и во близина на првиот инцидент, два автомобили беа измачкани со млеко и јајца, и на едниот беа испишани зборовите „евреи“ и „Хамас“, извеси Мајами хералд.
Директрот на Американско-Еврејскиот комитет за Мајами и областа Брауард, Брајан Сигал, го изрази скептицизмот во име на заедницата дека убиството на рабинот во никој случај не е поврзано со двата претходни настани на антисемитизам во областа.
-Со пребрзиот и директниот заклучок дека синагогата била вандализирана минатата недела со кукасти крстови и прохамас графити, очигледно покажуваме сомнителност дека тоа има врска со убиството, но останува да видиме. Најголем дел американците остануваат подржувачи на Израел, и тоа е покажано преку коментарите од нашето раководство, рече Сигал.
Сепак тој не избегнува од претпоставките дека неодамнешниот пораст на протести во САД имаат антисемитски тон. „Не сум сигурен дека овие собири кои ги гледаме можат да се опишат како протести против израелските воени политики“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


