| четврток, 6 декември 2018 |

Пахор и Јосиповиќ повикаа за решение за „Љубљанска банка“

pahor i josipovicПретседаелите на Словенија и Хрватска, Борут Пахор и Иво Јосиповиќ ги повикаа двете влади што поскоро да најдат решение за спорот со „Љубљанска банка“ и изразија надеж дека словенечкиот Парламент ќе го ратификува Договорот за членство на Загреб во ЕУ.

– Апсолутно верувам дека Словенија и Хрватска ги водат одговорни луѓе. Немам причини да се сомневам дека со уважување на своите национални интереси, тие ќе го направат она што е  најдобро за двете држави, изјави Јосиповиќ по средбата со Пахор во австрискиот град Салзбург.

На заедничката прес-коференција со Јосиповиќ, Пахор изјави дека очекува словенечкиот Парламент да и овозможи на Хрватска без проблеми да влезе во ЕУ на 1 јули.

– Немам сомнежи дека две трертини од пратениците (во словенечкиот Парламент) ќе го исполнат тоа, кога ќе биде најдено решение за „Љубљанска банка“ врз основа на виенскиот Договор (за сукцесија на СФРЈ), рече Пахор.

Двајцата шефови на држави рекоа дека не разговарале за детали околу спорот со заштедите на хрватските граѓани во пропаднатата „Љубљанска банка“, чие решевање е услов што го постави Љубљана за ратификација на Договорот за членство на Хравтска во ЕУ. Пахор и Јосиповиќ во Салзбург присуствуваа на свеченоста на која беа прогласени за „заштиници на Европската академија за науки и уметности“, титули кои им се доделуваат на политичари кои ја поддржуваат европската идеја и соработката во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top