| четврток, 6 декември 2018 |

Џелатот е од Лондон: Откриено е кој му ја отсече главата на американскиот новинар!

Убиството на американскиот новинар Џејмс Фоли сè уште ја бранува светската јавноста. Новите детали говорат дека убиецот што му ја исече главата е Британец и е член на британската џихадистичка банда позната под името „Битлс“.
Овие тврдења ги изнесе поранешен заложник, кој бил заробен во сирискиот град Ал-Рака.
-Станува збор за интелегентна и образувана личност и следбеник на радикалното учење на исламот. Меѓународните заложници него и другите Британци ги викаа „Битлс“ поради земјата од која доаѓаат – рече поранешниот сириски заложник.
Анализата на гласот што е пуштен на снимката на убиството на новинарот утврди дека се работи за акцент карактеристичен за личности од источен Лондон. Тајните служби дознале дека убиецот е познат под името Џон.
Се верува дека Џон е висок опеартивец на Исламската држава и дека во минатото бил задолжен за преговори околу размена на заробеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top