| четврток, 6 декември 2018 |

Тадиќ се извини на Македонците

37725_04Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ изјави дека се чувствува виновен за тоа што додека бил претседател на Србија не упатил извинување на македонскиот народ поради некои лоши работи во историјата и потенцираше дека за него било многу важно да се решат некои нерасчистени прашања од историјата особено прашењето со црквата.
– Многу пати сум доаѓал во Македонија како претседател на Србија и мене ми беше многу важно многу спорни и нерасчистени прашања од историјата да ги надминеме, овде посебно мислам на прашањето со црквата, затоа што ова на некој начин е единствената кочница во развојот на идните односи. Од друга страна, ние сме поврзани, историски, со културата, со музиката. Не постои точка на една нација која не се присутни силните врски помеѓу македонскиот и српскиот народ.
Денеска имав можност и да разговарам со ваши научници, историчари, не само со политичари. Некои од нив ми кажаа многу важна работа и се чувствувам како виновен што како претседател на Србија не упатив извинување на македноскиот народ од позиција на претседател поради некои лоши работа во историјата, кога овде била српската жандармерија и кога немаше секогаш сјајни искуства за македонскиот народ.
Еве токму поради тоа, како поранешни престедател, сакам да го упатам и тоа извинување и да ја поправам мојата грешка која ја направив како претсадател на републиката. Еве и на овој начин сметам дека допринесувам во зближувањето на двата народи – изјави Тадиќ кој синоќа присуствуваше на завршната претстава на фестивалот Охридско Лето која беше во изведба на театарот „Звездара” од Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top