| четврток, 6 декември 2018 |

Бесими: Војниците на АРМ се светски миротворци

Војниците на АРМ во меѓународанта мисија ИСАФ во Авганистан се светски миротворци и најголеми репрезенти на Република Македонија надвор од границите на нашата земја, рече министерот за одбрана Фатмир Бесими на свеченото испраќање на новиот контингент македонски војници во мисијата ИСАФ што се одржа денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

Контингент на Првата механизирана пешадиска бригада, составен од 156 старешини и професионални војници ќе отпатува за Авганистан, каде што ќе учествува во обезбедувањето на Главниот штаб на мисијата ИСАФ, ќе патролира во зоната на одговорност во Кабул и ќе учествува во борбено обезбедување на комуникаци и области за потребите на мисијата.

Контингент е составен од војници со различно етничко потекло, мажи и жени од сите заедници во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top