| четврток, 6 декември 2018 |

Агенцијата за странски инвестиции објави оглас за вработување

Invest in macedonia-

Се бараат кандидати за следниве работни места: раководител на одделение за јавни набавки, раководител на одделение за сметководство и плаќања, раководител на одделение за правни и стручно–административни работи, советник за сметководство и анализа, помлад соработник за подготовка на информации до други институции и давање административна поддршка во работа со економски промотери.

Платата се движи од 27.000 денари за првите три позиции до 24.000 односно 20.000 за останатите две работни места.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето).

Повеќе за потребните квалификации и останатите детали од огласот на следниов линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top