| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезна уште едно девојче во Србија

505481_ivanapodrascic11408526822670x0_ff
Исчезнала четиринаесетгодишната Ивана Подрашчиќ од Белград. Последен пат била видена на 29-ти јули кога се упатила кон Канарево брдо. Полицијата работи на случајот.

Информациите за исчезнатата малолетна Ивана Подрашчиќ се прошириле по социјалните мрежи, а исчезнувањето е пријавено во полиција, потврдено е од Интернет порталот РТС и Министерството за внатрешни работи во Србија.

Таткото го пријавил исчезнувањето на Ивана и полицијата интензивно работи на нејзино пронаоѓање, пренесуваат српските медиуми. „Последен пат е видена на 29-ти јули кога се упатила кон Канарево брдо. Оттогаш ѝ се губи секаква трага“, е напишано под фотографијата на 14-годишното девојче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top