| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија ја проширува заштитната ограда на границата со Турција

bugarsko-turska granica

Бугарија би можела да ја прошири заштитната ограда од бодликава жица на границата со Турција за да го спречи илегалниот прилив на бегалци од Сирија и Ирак, соопштија денеска бугарските власти.

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Светослав Лазаров изјави дека Бугарија ја разгледува можноста да ја прошири оградата за уште 130 километри долж 240 километри долгата југоисточна граница со Турција.

Лазаров изјави дека со тоа ќе се заштедуваат по 1,36 милиони долари месечно, со оглед на тоа дека тие средства нема да се трошат за полициско надгледување на таа област.

– Нашата земја има доволно гранични премини и оние кои сакаат да дојдат како бегалци можат тука да поминат, изјави Лазаров.

Над 10.000 бегалци, повеќето од Сирија, минатата година илегално влегоа од Турција во Бугарија. Во обидот тоа да го спречат бугарските власти распоредија над илјада полицајци.

Според претходните податоци, по поставувањето на заштитната бодликава ограда, долга 33 километри и висока три метри, бројот на илегалните преминувања е намален од две илјади на 300 месечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top