| четврток, 6 декември 2018 |

Нормализиран сообраќајот кај наплатната рампа „Отовица“

patarina

фото: Архива на Република

Сообраќајот на патниот правец Гевгелија – Скопје, од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“, е нормализиран, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

Поради изведување градежни работи на мостовите, на овој патен правец сообраќајот се одвиваше отежнато и забавено, а беше формирана и подолга колона на возила до наплатната станица „Отовица“ во правец кон Катланово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top