
Мајорка реши да пружи комплетен одмор. Доколку сакате да уживате во одморот и по капењето во морето да прошетате низ градот или да заминете на вечера во централното градско јадро, а притоа да не ви пречат пијаните туристи без маици и гласните девојки во бикини Мајорка е вистинското место за вас.
Економската криза оваа, како и изминатите години, влијаеше врз туристичката сезона ширум Европа, а некои „празниот од“ го искористија и да ја редефинираат својата понуда и да се обидат да се обратат кон една поинаква клиентела. На Мајорка во изминатите три години се довршени, реновирани или изградени десетина луксузни хотели, а Палма оваа година воведе и нов правилник на „добро однесување на граѓаните“, со кој се предвидени казни за оние кои ја расипуваат сликата за градот.
Со намера градското јадро и ноќниот провод да ги направат попристојни, градските власти предвиделе казни од 50 евра за оние кои надвор од зоната за капаење одат без маици или во бикини, како и оние кои возат велосипед по тротоар.
Исто така, на Балеарите е строго забрането купување предмети или храна од илегалните улични продавачи, а доколку полицијата Ве фати казната е 200 евра.
Како што пренесува Би-Би-Си, градските власти го зедоа примерот од Барселона во која сличните забрани одамна важат, а најавено е дека оваа сезона е само „пробна“, додека од следната правилникот строго ќе се применува.
– Туристите се добродојдени, не е идејата тие да се казнуваат, туку одморот на сите да им биде пријатен, велат во Палма де Мајорка. Исто така, првите луѓе на Палма ги отфрлаат тврдењата дека тоа е само начин да се наполни буџетот во текот на послабите сезони.
– Не, тоа не е начин за полнење на градската каса. Ние сме опуштен град, вистинска, нова дестинација за следните 20 години и сакаме да оддржиме таков имиџ. Што се случува кога ни велат дека немаат пари да ја платат казната? Истото е во Лондон, Берлин или во Рим. Кога ќе кажеш дека немаш пари, тогаш полицаецот те води во станица и на крај ќе платиш, поедноставно е, велат во градското собрание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод


