Додека Белата куќа истражува дали е веродостојна снимката на која се гледа како припадници на Исламската држава го обезглавуваат американскиот новинар Џејмс Фоли, неговото семејство тврди дека тој е мртов.
Дијана Фоли, мајка на американскиот новинар, на Фејсбук профилот напиша дека нејзиниот син е убиен додека известувал од теренот.
-Горди сме на нашиот син Џејмс. Го даде животот додека се обидуваше да ја запознае светската јавност за патењето на сиријскиот народ“, напиша неговата мајка.
Таа остро ги критикуваше американските власти напоменувајќи дека ја загубиле контролата над настаните на Блискиот исток, но и во остатокот на светот.
-Ги повикуваме оние кои го убија нашиот син да ги ослободат сите оние кои се грабнати бидејќи тоа се невини луѓе како и Џејмс. Американската влада ја загуби контролата над политиката што ја води во Ирак, Сирија и било која друга држава на светот“, ги критикуваше американските власти мајката на убиениот новинар.
Белата куќа претходно соопшти дека американските разузнувачки служби истражуваат дали наведените фотографии и видео снимката за стравичното убиство се автентични или монтирани.
Фоли работеше во Сирија, а исчезна на 22 ноември 2012 година.
Припадниците на Исламската држава вчера објавија фотографија и снимка под наслов „Порака за САД“ на социјалните мрежи, како доказ за убиството на американскиот новинар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


