| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонките живеат најдолго и не се дебелеат

Gejsa1

Во последните 25 години жителките на Јапонија се сопственички на рекордот најдолговечни жени на светот, бидејќи живеат во просек по 84 години, а не се дебелеат.

Во својата книга „Јапонките не стареат, ниту се гојат“ на Наоми Моријама ги води своите читатели во светот на јапонската кујна и го открива тајните за долг и здрав живот.

Моријама открива дека намирниците кои помагаат во слабеењето, се едноставно дел од секојдната исхрана во јапонската кујна, а тоа се риба, морска храна, зеленчук, соја, ориз, овошје и зелен чај. Јапонците секојдневно уживаат во готвени оброци, а традиционалната храна им се состои од риба на жар, чаша ориз, готвен зеченчук, мисо супа, зелен чај и овошје.

Јапонците конзумираат околу 10 отсто од рибата на светот, а тие сочинуваат два отсто од светската популација.

Уште од деца се учат да јадат полека и да го ценат секое парче. Никако не смеат да ја наполнат чинијата кога јадат, секоја намирница мора посебно да биде сервирана. Јапонската кујна е лесна, во неа се готви полека, намирниците се главно готвени или кратко се печат на жар или во вог-тава. Место леб јадат ориз, што е голема разлика меѓу Истокот и Западот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top