Извршниот одбор на Народната банка на Србија прелиминарно го одобри основање на банка од страна на Обединетите Арапски емирати. Банката треба да работи под името „Мирабанк“, акционерско друштво, Белград. Обединетите Арапски Емирати добија одобрување за основање на банка во Србија.
Под името „Мирабанк, акционерско друштво Белград“ ќе функционира новата банка во Србија, за која Народната банка на Србија даде одобрување за основање. Од 2008 година, ова е првата гринфилд инвестиција во банкарскиот сектор во Србија.
Првата фаза е завршена, по ова следи давање на дозвола за работа на банката, пренесува српските портали. Основачот на банката е дел од меѓународниот конгломерат „Ројал група“ предводена од братот на Кралот на Обединети Арапски Емирати, чие седиште е во Абу Даби.
„Ројал групата“ ја сочинуваат околу 80 мали, средни и големи компании, а вработува повеќе од 15.000 луѓе на меѓународно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


