Групата Албанци која излезе на мирен протест по вчерашните инциденти направени од страна на Македонците, го кинеше и газеше македонското знаме пред Владата. Мирниот протест ескалираше. Превртени се повеќе возила, претепани се минувачи, и Македонци и Албанци. Албанците маршот го започнаа пред џамијата, а потоа се упатија кон Владата на Република Македонија каде што момчињата фрлаа со камења кон владата и кон полицијата.
Фото: Ѓорги Личовски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.