| четврток, 6 декември 2018 |

Нада Мојсоска од Струга доби „сеат ибица“ на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“

Наградната игра „Фискална во рака, награди без мака“ го донесе и автомобилот „сеат ибица“, извлечен во осмотото коло. Добитничка на овој автомобил е Нада Мојсоска од Струга. Нада испратила вкупно 6 коверти за ова извлекување, по еден за секој член од нејзиното семејство. Ковертите со фискални сметки ги оставила во продажното место Кики Твинс во Струга, во склоп на караванот на Државна лотарија на Македонија.

Нада има три деца, два сина и една ќерка. Тие имаат еден постар автомобил, па новиот, среќен автомобил „сеат ибица“, кој го добива благодарение на оваа наградна игра, доаѓа во вистински момент.

Нада не го следела самото извлекувањето на МТВ1 бидејќи не била дома. Била многу изненадена кога ѝ се јавил нејзиниот брат, кој ја следел  емисијата во живо.

Во осмото коло од наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА, одржано на 28.07.14, покрај автомобилот „сеат ибица“, беа извлечени 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

Следното, 9-то по ред, извлекување на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА   ќе се одржи на 25.08.2014. Во ова коло на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА се извлекува за еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

Во извлекувањето учествуваат сите коверти испратени за 6то коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11. 2013та година. Само за потсетување, за учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15.11. 2013та, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот кој независно дали ќе се остави во кутија на некој пунктовите, или ќе се прати по пошта мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра: ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА БУЛ. “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” БР. 8 1000 СКОПЈЕ ЗА НАГРАДНА ИГРА ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top