| четврток, 6 декември 2018 |

Исполнета уште една желба на Тоше (фото)

tose-ikona500

Местото каде Тоше Проески го наоѓаше својот душевен мир, манастирот „Св. Преображение“ во Крушево ја комплетира својата внатрешност. По неговата изградба се работи на внатрешното уредување на манастирот, завршен е иконостасот кој по желба на Тоше е изработен од бел мермер. Дел е изработен во Србија, дел во Прилеп.

ikonostas2-500

Иконостасот ќе биде отворен утре кога е и чествувањето на големиот верски празник Свето Преображение. Во меѓувреме завршени се сите работи кои се одвиваа околу реновирањето на конакот во непосредна близина на манастирот.

manastir500

фото: Курир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top