| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка кај Припор, повредени две деца и седум возрасни лица

soobrakjajka_5

Две деца и седуммина возрасни се повредени во стравотна сообраќајна несреќа што се случила утрово во Припор. Се работи за судир на два автомобили „голф“ во кои се наоѓале жители на селото Чифлик.

Сите лица се здобиле со телесни повреди, седум од повредените се пренесени во Ургентниот центар, а две лица во ГОБ „Св. Наум Охридски“. Во едниот автомобил се наоѓале возачот Х.С. (33), две жени Х.С. (29) и  Ѓ.С. (56) и двете деца, неколку месечно бебе и тригодишно детенце.

Четири члена на едно семејство биле во вториот автомобил: мажот кој го управувал автомобилот В.С. (33) и три жени А.С (42), С.С. (42) и Н.С. (40).

Патот е затворен за сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top