| четврток, 6 декември 2018 |

Обама стави потпис на принудното штедење

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша налогот со кој во сила стапуваат буџетските кратења познати како „секвестрација“, откако во Конгресот не е постигнат договор за алтернативно буџетско решение

121219_barack_obama_guns_reuters_328

По стапувањето во сила на таа одлука, американските владини агенции ќе почнат со кратења во своите буџети во вкупен износ од 85 милијарди долари.

Обама во петокот ги обвини опозициските републиканци за неуспехот во Конгресот да се постигне договорот за избегнување на автоматските буџетски кратења познати како секвестрација.

Претседателот на Преставничкиот дом на Конгресот, републиканецот Џо Бојнер им изјави на новинарите дека Претставничкиот дом идната недела ќе го разгледа законот за продолжување на финансирањето на владата. Се надевам дека нема да мораме да се соочуваме со заканата за прекин на работата на владата, додека во истовреме ќе се занимаваме со секвестрацијата, рече Бојнер.

За Пентагон, според зборовите на неговиот директор, тоа значи за 8 отсто помал буџет и неизвесност да се извршат задачите. Тој нагласи дека воените авиони поретко ќе летаат. Републиканците инсистираат горната граница на постсеквестрациската потрошувачка да биде на нивото од 974 милијарди долари, но тоа демократите не го прифаќаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top