Полицијата во реонот на бугарскиот град Габрово заплени над еден тон илегален алкохол, јави БТА.
Алкохолот бил откриен во комби марка „Пежо Боксер“, сопственост на жител на габровското село Јаворец, кој и претходно бил обвинуван за шверц на акцизни стоки.
При проверка на возилото бил откриен резервоар во кој имало 1.010 литри 95,6-процентен етил алкохол, за кој според бугарското законодавство, би требало да се плати акциза во вредност од околу 5.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.