| четврток, 6 декември 2018 |

Нов земјотрес во Кина

кина

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриан денеска во југозападната кинеска провинција Сечуан, соопшти Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на потресот бил на околу два километри од местото Силуодо, со жариште на длабочина од 10 километри под површината на земјата.
Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални штети, иакопотресите на помала длабочина можат да бидат со поголема разорна моќ.
Епицентарот на денешниот земјотрес е на околу 100 километри од границата на соседната провинција Јунан, која пред две недели беше погодена од потрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтер, во кој загинаа 615 лица, а над 2.400 беа повредени.
Сечуан пак во мај 2008 година беше погоден од земјотрес со јачина од 8,0 степени при што загинаа десетици илјади лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top