| четврток, 6 декември 2018 |

Референт во УНИ банка украл 10.000 евра од сметка на клиент

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.С.(55) од Струмица за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“.

Тој во три наврати од сметката на клиент на банката подигнал парите, а за подигнатите парични средства изготвил банкарски документи-девизни исплати.

За да го прикрие делото, на местото на документите назначено за потпис на примателот ставил потпис во име на сопственикот на сметката како тој да ги има подигнато паричните средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top