| четврток, 6 декември 2018 |

„Гришко“ отвора фабрика за балетска опрема во демирхисарско

balerini
Во демирхисарското село Слепче денеска попладне официјално ќе биде отворена фабриката за  производство на балетски обувки и опрема „Гришко Македонија“, која е  гринфилд-инвестиција на познатата руска компанија.

„Гришко“ произведува папучи, чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности. Производите ги има во над 60 земји на повеќе континенти.

Директорот на „Гришко“, Николај Гришко, во  октомври минатата година беше во Македонија и имаше средби со министерот за странски инвестиции Бил Павлески и со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, кога искажа подготвеност за поддршка на балетската уметност во Македонија и подобрување на условите во кои работат играчите на Балетот.  На средбата во Министерството за култура тогаш тој донираше и книги – стручна литература  од областа на балетот.

На свеченото отворање на фабриката денеска ќе се обрати министерот Павлески, а по  официјалниот дел, Македонската опера и балет ќе одржи концерт во Домот на културата во Демир Хисар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top