Протестите коишто изминатите пет дена во САД се мотивирани од полициското убиство на црн тинејџер во Фергусон, ноќта кон саботата се проширија и на градот Окленд во сојузната држава Калифорнија и се претворија во безредија пренесе телевизијата „CBS“.
На 10-ти август, бел полицаец го застрела 18-годишениот афроамерикански тинејџер Мајкл Браун во Фергусон, предградие на Сент Луис, во сојузната дражва Мисури. По инцидентот во градот Фергусон веќе пет дена продолжуваа безредијата во коишто повредени беа повеќе лица и полицајци во судирите меѓу демонстрантите и припадниците на силите за одржување на редот, кои употребуваа солзавец, шок бомби и гумени куршуми, а над триесет лица се обвинети за насилство и грабежи.
Според информацијата на „CBS“, повеќе стотици луѓе марширале по главната улица во Окленд, привремено блокирајќи го сообраќајот. Масата се движела со подигнати раце и скандирајќи „Не пукајте“. Потоа избиле судири, се слушале експлозии на пиротехника, но немало помасовни директни судири меѓу полицијата и демонстрантите. Ноќта протестите продолжиле со вандилизам, неколку деловни објекти биле демолирани, а биле кршени и излози на продавници.
За разлика од претходните ноќи, повторните протести во Фергусон изминатата ноќ минале мирно, извести „CBS“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


