| четврток, 6 декември 2018 |

Стартува англиската Премиерлига

Викендов низ Англија ќе са играат натпреварите од 1. коло во новата сезона на Премиер лигата. Бранител на шампионскиот трофеј е Манчестер Сити, а најголеми кандидати да го симнат од тронот се Манчестер Јунајтед, Челзи, Ливерпул и Арсенал.

Новата сезона ќе ја отворат Манчестер Јунајтед и Свонси со натпреварот на „Олд Трафорд“ закажан за 13 часот и 45 минути.

Двојки за другите денешните натпревари: Лечестер – Евертон, Квинс Парк Ренџерс – Хал, Стоук – Астон Вила, Вест Бромвич Албион – Сандерленд, Вест Хем – Тотенхем и Арсенал – Кристал Палас.

Два натпревара се играат утре: Ливерпул – Саутемптон и Њукасл – Манчестер Сити.

Првата рунда ќе биде комплетирана в понеделник со средбата Барнли – Челзи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top