| четврток, 6 декември 2018 |

Србија продава 502 државни компании

vlada-srbijaСрпската Агенција за приватизација денеска огласи за продажба 502 фирми меѓу кои се рудникот за експлоатација на јаглен Ресавица, Галеника, Петрохемија, Азотара, ФАП, Јат техника, Симпо, Ц-маркет, Белградски саем…

На продажба се ставени и 73 фирми од областа на информирањето и комуникации, меѓу кои и Политика а.д., Дневник холдинг од Нови Сад, Студио Б, Заводот за учебници, РТВ Панчево.

Писма за намери за купување може да се доставуваат до 15 септември. Обврзен рок за спроведување на приватизациите согласно Законот за приватизација е крајот на декември 2015 година. Огласот ќе биде објавен и во Фајненшал тајмс како и во националните средства за јавно информирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top