| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на либански Хезболах ја нарече „чудовиште“ Исламска држава

Хасан Насрала ј

Лидерот на либанската шиитска група Хезболах, Хасан Насрала ја нарече терористичката група Исламска држава „чудовиште“ што се зголемува и кое може да биде закана за Јордан, Саудиска Арабија, Кувајт и други држави од Заливот.

Според Насрала, чија група го помага сирискиот претседател Асад, Исламска држава може лесно да врбува луѓе во други реони со крајно екстремистичка идеологија.

– Насекаде каде има следбеници на идеологијата, има и почва за Исламска држава, и таква постои во Јордан, Саудиска Арабија, Кувајт и во држави од Заливот, вели Насрала во интервју за либанскиот весник „Ал Ахбар“.

– По се изгледа дека арсеналот, можностите, бројноста и капацитетот на Исламска држава се огромни. Тоа треба да го загрижи секого, изјави тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top