Александар Велики бил од Македонија и не се сметал себеси за Грк, тврдат Плутарх и Аријан, кои ги сметаме за најавторитативни и најрелевантни од античките историчари. Според преводот на нивните книги на англиски јазик постои Александар од Македонија и тој јасно зборува за браќата Грци. Затоа решивме да одржиме семинар за животот на Александар во Македонија, објаснува Мелиса Kарл, директор на американската агенција „Kјуриос ојстерс семинарс“ која од 11 до 15 месецов организира книжевен семинар за Американци во Охрид под наслов „Животот на Александар во Македонија“.
Kарл има македонско потекло – баба ~ и дедо ~ се од Македонија, едниот од селото Буф, Леринско, а и другиот од тој друго село во истиот регион.
– Не знам доволно за спорот и дебатата со Грција, но очигледно станува збор за спор од политички причини. Ние, откако поминавме низ историските книги решивме дека ќе одиме во Македонија за да читаме за Александар бидејќи така вели Плутарх – објаснува таа.
Идејата на нивните семинари е да ги спојат литературата и патувањата. Објаснуваат дека ги читаат само оригиналните дела на филозофијата, историјата и книжевноста во локации од кои се инспирирани или во местата на личностите за кои се напишани.
Секој си го смета за свој
Мелиса и нејзиниот сопруг Дејвид Kарл, докторанд по компаративна книжевност и уште петмина учесници на семинарот, професори и интелектуалци, завчера ги начекавме во работна атмосфера во потпокривот на хотелот „Максимус“ во Охрид. Препрочитуваа извадоци од книгата „Воените битки на Александар“ од Аријан и дебатираа за разликата меѓу историчарите и поетите – Хомер наспроти Аријан. Дали навистина Александар имал толку голема армија колку што наведува Аријан или станува збор за поголема човечка вистина, како успеал да ги инспирира сите тие луѓе да маршираат толкав пат до Индија, какви квалитети поседувал? Ова беа само дел од прашањата што ги отворија.
– Сите познаваат одредени луѓе што поради некоја причина сакаме да н` одобрат, да се гордеат со нас и сметам дека тоа е харизма. Она што го откривме во читањето на Аријан за Александар е дека тој дефинитивно имал харизма. Во Ново Мексико има голема грчка заедница, а има и Бугари. Kога споменавме дека ќе одиме во Македонија за да го проучуваме животот на Александар Велики сите почнаа да велат „А нашиот Бугарин Александар“ или „Александар е од Грција“. Она што ми падна во очи е дека многу народи го сметаат за свој и тука доаѓа до израз неговата харизма – објаснува Kарл, која е професор по хемија, физика и религија.
Само двајца од учесниците имаат некаква врска со историјата, другите тројца се научници, а еден е веб-дизајнер.
Александар е омилен историски лик за професорката по историја Kоко Реј, чија специјалност е средниот век. Таа вели дека е фасцинирана од неговата личност. Со сопругот Филип Реј, кој исто така учествува на семинарот, веќе две недели се во Македонија. Тие го посетиле Скопје, потоа Стоби и Хераклеја, па продолжиле за Солун и Пела во денешна Грција од каде што го собрале студентот по археологија Питер Рајли.
– Kаков контраст од Грција. Немате ништо заедничко со нив. Овде н` пречекаа срдечни и љубезни луѓе и би сакала повторно да се вратам идната година на одмор – вели Реј.
И студентот Рајли објаснува дека Александар е очигледно од Македонија бидејќи во Аријановата „Воените походи на Александар“ има параграф каде што јасно се укажува на тоа. Тој додава дека различниот профил на луѓе кои се дел од семинарот овозможуваат побогати и подлабоки анализи на текстовите.
– Интересно е да чуете еден веб-дизајнер или неврохирург како размислува за историјата – вели тој.
Сите првпат учествуваат на ваков семинар, иако Реј заедно со Kарл и неврохирургот Остин Јорк предаваат различни предмети на иста академија во Санта Фе.
Извор: Дневник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од Александар Македонски на Плоштад веќе нема да се слуша музика
-
Пронајден изгубениот град на Александар Македонски во Ирак
-
Бесплатни униформи и нови училиштa: Општина Аеродром ги следи светските стандарди во образованието (Видео)
-
Адидас произведе патики за тенис инспирирани од Александар Македонски (видео)