| четврток, 6 декември 2018 |

Климатизер во 1620 година?!

N70_klimatizer_web

Во текот на летото неретко ќе се најдеме во ситуација кога ќе бараме спас од високите температури и начин повеќе да се разладиме. Но, знаете ли дека постоеле ефикасни начини на разладување и пред појавата на конвенционалните климатизери?

Првата просторија која некогош била разладена била големата сала во Вестминстерската палата во летото 1620 година, а првиот човек кој уживал во разладената просторија бил кралот Џејмс Први. Имено, дворскиот магионичар, а воедно и алхемичар, Корнелис Дребел (Cornelis Jacobszoon Drebbel) сакал да му покаже на кралот дека може да го претвори летото во зима. Овој голем пронаоѓач, во еден од своите експерименти при мешање на разни соли со мраз, открил дека солта ја намалува температурата на топење на мразот, и со тоа се добива пониска температура на воздухот во околината на садовите во кој мразот се наоѓал. Но, за да ја разлади големата просторија, тој со направа слична на денешните вентилатори, нормално во тоа време рачна, предизвикал струење на топлиот воздух низ мрежа на садови во кој се наоѓале мразот и солта, и со тоа успеал во својата намера да ја разлади големата сала во палатата. Кралот во секој случај го добил своето освежување во топлото лето во 1620 година.

За жал овој подвиг не бил уредно запишан, и затоа Дребел не го носи епитетот на изумител на климатизерот.

Изумот по кој што Корнелиус Дребел е најпознат во историјата е првата управлива подморница.

Извор: Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top