
Експертите постојано истакнуваат дека најголемиот процент на комуникацијата не се однесува на вербалниот елемент, туку токму на говорот на телото. Начинот на кој се облекуваме, нашите гестови и мимики оддаваат многу информации за нас. Некогаш тие пораки се очигледни, но многу почесто се случува ние самите да не бидеме свесни што им пренесуваме на луѓето околу нас.
Говор на машкото тело
Доколку мажот е заинтересиран за вас, тој ќе сака да изгледа повисок и ќе се потруди да ги исфрли неговите гради што повеќе и да го повлече стомакот навнатре.
Доколку своето тело го навалува кон вас значи дека е заинтересиран, а особено доколку со едната рака или нога „случајно“ ја допира вашата.
Очите и погледот се еден од најважните знаци на говорот на телото, а кај мажите истиот е секогаш продорен и очигледен доколку тој е заинтересиран за вас, без никакво оттргнување и криење на погледот.
Обрнете внимание и на неговите усни – доколку се обидува да сокрие насмевка, тој тогаш навистина сака да се насмевне, но потсвеста тоа не му го дозволува, бидејќи како „прав маж“ не сака да покажува емоции. Во друг случај, пак, кога неговите усни се згрчени и затворени, веројатно има лоши вести или нешто крие. Кога ги гриза усните индиректно ви дава на знаење дека го привлекувате и сака да ве бакне.

Говор на женското тело
За разлика од мажите, жените се посуптилни. Тие се трудат да испраќаат што поскриени и помистериозни знаци и се многу срамежливи во врска со тоа. Доколку сте и’ фатиле око на некоја жена, постојат два начина за да го дознаете тоа: таа или ќе ве гледа срамежливо, или пак, самоуверено и со блага насмевка, но и во двата случаи таа повремено ќе го трга погледот. Тоа е најсигурниот знак дека не и’ е сеедно кога сте вие во прашање.
Кога жената ги отвора дланките при гестикулација, значи дека е друштвена и искрена. Слично како и со мажите, доколку нозете или рацете ги наклонува блиску до вашите, а особено доколку нозете и’ се прекрстени, значи дека е заинтересирана.
Доколку, пак, забележите дека ја извадила штиклата и почнала да ја врти со стапалото, вие сте вистински среќник. Овој нејзин гест ви открива дека таа е возбудена и импресионирана од она што го гледа.
Уште еден позитивен показател е кога почнува да ја врти косата околу прстот – тогаш обрнете добро внимание на нејзината насмевка.
Универзални знаци
Забрзано, нервозно одење – знак на искреност
Одење со рацете во џеб – знак на разочараност и депресија
Стоење со рацете на половина – подготвеност и желба за напад или расправија
Седење со раширени нозе – отвореност и смиреност
Седење со прекрстени раце – одбранбен став
Допирање на носот или чешкање – несигурност, сомневање или лажење
Превртување со очите – знак на сомнеж, нервоза, недоверба
Прекрстени раце зад грбот – грижа и стрес
Поглед спуштен кон подот и главата навалена на рацете – знак на здодевност
Седење со рацете прекрстени зад главата и испружени нозе –доверба и супериорност
Отворени дланки – чест и искреност
Чепкање на косата – несигурност и недостаток на самодоверба
Движење со главата нагоре-надолу – заинтересираност
Допирање на брадата – знак на размислување и носење на одлука
Наведната глава и спуштен поглед – вина или несигурност
Допирање или триење на ушите – одлучност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


