
Многу суперавтомобили кои може да се видат на улиците на Лондон се од арапските земји, а транспортирани се со авион. Цената на транспортот за еден автомобил е 30 илјади евра.
„Катар ервејс“ е една од компаниите која нуди превоз на автомобилите со својот „ербас А330“, а за тоа наплаќа 30 илјади евра. Поголемиот број клиенти се од Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и од Катар.
Бидејќи ним парите не им се проблем, тие плаќаат за транспорт на скапоцените автомобили во Лондон. Некои во В. Британија остануваат само неколку дена и потоа заминуваат во други европски земји, како Шпанија, на пример.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


