| четврток, 6 декември 2018 |

Киев демaнтира дека рускиот конвој влегол во Украина

Украинските власти денеска ги демантираа тврдењата дека рускиот конвој возила, кои според Москва пренесуваат хуманитрана помош, синоќа влегле во Украина.

konvoj ruski

Погранична служба на Украина информира дека украински граничари утрово влегле во Русија и се упатиле кон колоната руски камиони со цел да извршат проверка на товарот што го носат.

Според руските медиуми, колоната од околу 208 возила се ноаѓа на отворено поле близу градот Каменск-Шантински, на околу 20 километри од границата со Украина.

Претходно, британскиот весник „Дејли телеграф“ објави дека колона руски оклопни возила и камиони синоќа околу 22 часот по локално време (21 часот по средноевропско време) ја минале границата меѓу Русија и Украина.

Русија информира дека во конвојот камиони се наоѓаат 2.000 тони вода, храна за бебиња и друга помош за жителите од реоните на Донецк и Луганск, каде што се водат борби меѓу украинските вооружени сили и проруските сепаратисти.

Меѓутоа, Украина и некои западни земји сметаат дека конвојот би можел да биде покритие за навлегување руски сили на украинска територија, тврдења што Москва ги оцени како апсурдни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top