| четврток, 6 декември 2018 |

Кајмакоски на гости кај претседателот Иванов

ivanov-kajmak-sredba-daniel-01
Претседателот Ѓорге Иванов денеска оствари неформална средба со македонската и балканска ѕвезда Даниел Кајмакоски. На неофицијалната средба присуствуваше и сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова.

Во своето излагање во Струга, кога Иванов ја бараше поддршката од граѓаните за втор мандат, го поздрави новиот македонски амбасадор на македонската музика, Даниел Кајмакоски.

– Струга е град на поезијата, во кој доаѓаат поети од цел свет. Сега од Струга еден стружанец со песна ќе го освојува светот. Новиот музички херој на Македонија и Балканот е нашиот Даниел Кајмакоски – посочи тогаш Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top