| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Дино Дворник: Се обидоа да ме отрујат кога имав 11 години

ela dvornik

Ела Дворник, ќерка на починатиот пејач Дино Дворник, објави писмо на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, каде што изнесе неколку детели од своето детство. Денес таа има 23 години, и живее во Лондон, каде што е скаут за музички таленти.

„Кога бев во осносно училиште, моите „пријатели“ мораа тајно да се дружат со мене, бидејќи нивните родители не сакаа да им бидам лош прример на нивните деца. Им велеа дека сме семејство наркомани и дека јас пушам, пијам и се дрогирам. Мене родителите ми дозволуваа да правам што сакам, но само под услов да им кажам се што правам. Не го сокрив ниту првото пијанство, ниту првата цигара, ниту првиот дечко. Сите пиеја и пушеа додека јас со татко ми играв плејстејшан, а секогаш јас ја преземав вината за сите“, вели Ела во писмото кое го објави на Фејсбук.

„Истите тие пријатели се обидоа да ме отрујат со „доместос“ кога имав 11 години. Јас одлучив да не бидат казнети, бидејќи ми беа единствените „пријатели“. За нив бев дете без иднина, кое ќе умре со игла во рака. Денес една од тие пријатели остана бремена на 17 години, друга живее во комуна со години, трета побегнала од дома со момчето…“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top