| четврток, 6 декември 2018 |

Кинеската полиција пукала во тибетските демонстранти

Chinese-police-shoot-Tibetan-damКинеската полиција отворила оган врз тибетските демонстранти во префектурата Ганца, во југозападната кинеска провинција Сечуан.

Во немирите били ранети десет лица откако Тибеќанците организирале демонстрации  поради апсењето на еден нивни истакнат  селски лидер, соопшти тибетската органзиација за човекови права „Меѓународна кампања за Тибет“.

Организацијата, со седиште во Лондон, повикувајќи се на неколкумина тибетски извори во егзил, посочи дека реонот на протестите е „под засилена контрола, а локални Тибеќанци, вклучувајќи и возрасни лица и деца, се приведени на распит“.

Тибет останува под строга контрола на кинеските власти и на странските новинари не им се одобрува доаѓање во посета на регионот, што ја прави многу тешка проверката на ваквите информации. Властите во Ганца не го коментараа тврдењето на органзиацијата. Во оваа префектура претходно дојде до едни од најжестоките судири меѓу Тибеќанците и кинеските власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top