| четврток, 6 декември 2018 |

Иако има само 13 месеци, ќерката на Ким Кардашијан стана модел

140814016.1_mn

Ќерката на Ким Кардашијан и Кање Вест, иако има само 13 месеци, веќе е модел. Првата реклама ја сними за „ЦР Фешн бук“ и носи облека на Шанел.

Фотографијата е црно-бела и е објавена во средата, а на неа малата Норт гледа на страна. Облечена е во плетен џемпер од „Шанел“ и преку неа има торбичка.

На фотографијата се наоѓа и цитат на креативниот директор на „Шанел“, Карл Лагерфелд: „Никогаш не е многу рано за да водиш сметка за себе“.

Норт веќе се појави во „Вог“ со своите славни родители, а ова издание ќе биде објавено на 4 септември.

Како што рече Ким, Норт ги сака фотоапаратите и камерите и природно позира пред нив.

– Таа веќе има свој стил. Се надевам дека ќе биде посветена на модата бидејќи нема ништо поубаво на светот од тоа кога ние две се облекуваме – вели Кардашијан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top