Славната американска филмска ѕвезда Лорен Бакал почина на 89 годишна возраст, соопшти синоќа семејството Богарт.
Како што пренесуваат агенциите, холивудската икона Бакал починала од последици на срцев удар во својот дом на Менхетн во Њујорк.
– Со длабока така, а сепак со голема благодарност на нејзиниот неверојатен живот, потврдуваме дека Лорен Бакал почина, објави семејството Богарт на својот Твитер профил.
Бакал беше мажена за славниот актер Хамфри Богарт од средината на 40-тите години од минатиот век до неговата смрт во 1957 година.
Бакал е родена во 1924 година во Њујорк, во семејство на еврејски емигранти од Романија и Полска. Кариерата ја почнува како модел, а набрзо, благодарение на нејзината убавина се наоѓа на насловната страница на тогаш еден од најпопуларните магазини за жени „Harper’s Bazaara“.
Ја забележува режисерот Хауард Хоукс и ѝ понудува главна улога во филмот „Да имаш и да немаш“ во кој игра заедно со тогаш веќе славниот Богарт во 1944 година. Тоа не само што било почеток на една одлична холивудска кариера, туку и на една од најголемите холивудски љубовни приказни, бидејќи следната година за омажи за Богарт. Со него потоа ги сними хитовите „Длабок сон“, „Мрачен премин“ и „Островот Ларго“, а со Мерлин Монро го сними филмот „Како да се омажиш за милионер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст