Рајко Радојковиќ (21) од Ниш, кој е осомничен дека ја предизвика тешката сообраќајка кај Удово на 28 јули кога загинаа бебе и неговиот чичко на сослушувањето се бранел дека не можел да избегне судар затоа што на патот му се нашла кеса.
– Осомничениот тврдел дека возел со дозволена брзина и дека за време на претекнувањето наишол на кеса. Во ситуацијата не се снашол и не успеал да го врати автомобилот во својата лента. Радојковиќ рекол дека многу му е жал што настрадало бебето и младиот човек, изјавил за српските медиуми обвинителот Петар Трајков од обвинителството во Кавадарци.
Повредената Марија Маринковиќ пред некој ден со авион е транспортирана во болница во Швајцарија, каде што ќе го продолжи лекувањето. Со неа отпатува нејзиниот сопруг Драган и синот Матеа (5) кој ја преживеа несреќата, но мина со скршена нога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.