| четврток, 6 декември 2018 |

САД е главниот извозник на оружје за Индија

vojnikВо изминатите три години САД доставиле на Индија оружје за вкупно 5,4 милијарди долари, изјави во Парламентот во Њу Делхи министерот за одбрана Арун Џејтли. Со тоа САД станаа најголемиот извозник на оружје за Индија, надминувајќи ја Русија. Во истиот тригодишен период Индија купила од Русија оружје за 4,2 милијарди долари, истакна министерот. Трето и четврто место меѓу доставувачите на оружје на Индија заземаат Франција и Израел. За целиот тој период Индија купила оружје во износ од 14 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top