| четврток, 6 декември 2018 |

Србија ќе објави листа на компании од ЕУ кои ги кршат санкциите кон Русија

aleksandar-vucic-1361309551-270601Само неколку дена откако Русија воведе едногодишна забрана за увоз на земјоделски производи, сировини и прехранбени производи со потекло од САД, ЕУ, Канада, Австралија и Норвешка, се појавила идеја кај компаниите од ЕУ да ги заобиколат санкциите така што своите производи прво ќе ги извезат во Србија, а оттаму со промена на амбалажата ќе ги извезуваат во Русија.

Српскиот претседател на владата и министер за трговија Расим Љаљиќ порачал дека такво нешто нема да се дозволи затоа што со тоа би се довел во прашање целиот извоз на Србија во Русија. Тој потсети дека поради препакувањето и подметнувањето производи со потекло од земјите на чии производи Русија стави забрана, некои компании веќе ги чинело ограничување на извозот на тој пазар.

– Да спречиме такви и слични ситуации дополнително ќе се заострат контролите на царината, а производителите или извозниците кои ќе се обидат со измама да дојдат до заработка ќе бидат најостро казнети, најави Љајиќ.

На вчерашниот состанок на министерот Љајиќ и претседателот на Стопанската комора на Србија Жељко Сериќ договорено е меѓу другото на крајот на секој месец јавно да се објавуваат таканаречени листи на срамот на компании кои се откриени во обид да вршат недозволен извоз во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top